Позитивните на коронавирусот од сите скопски општини, се поврзани со веќе претходно потврден случај

од Берта Китинска

Од вчерашните 14 новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир, еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново.

Заболените во речиси сите скопски општини,  се поврзани со некој веќе претходно потврден случај, изјави  директорот на Институтот за јавно здравје – Скопје Арбен Зибери.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-4, Тетово-1 и Велес-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.
Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-14, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-1, Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.

Слични содржини