Познат холивудски шармер фотографиран како од мајка роден

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот холивудски актер Џош Бролин (52) го привлече вниманието на фановите уште во 1985 година во популарниот детски класик The Goonies, а три и пол децении подоцна тој сè уште воодушевува со својот изглед. Бролин изгледа одлично во својата шеста деценија од животот, а тоа го докажа со последната фотографија на Инстаграм каде позира целосно гол!

Фотографијата ја направила неговата сопруга Катрин за време на лежерно попладневно кафе.

– На крајот на денот, животот ќе се суди според тоа колку често сте биле голи. Никој не рече дека тоа значи метафорички – напишал актерот во описот на фотографијата која собра повеќе од 251.000 лајкови.

Инаку, Џош и неговата 20 години помлада сопруга Кетрин се венчаа пред четири години. Тие имаат ќерка, Вестлин, а моментално очекуваат уште едно дете. Актерот веќе има две деца од првиот брак со Алис Адаир: 32-годишниот син Тревор и 26-годишната ќерка Еден.

После Адаир, Бролин беше во брак со колешката Дајан Лејн од 2004 до 2013 година.

Слични содржини