Познат лекар им порача на сите антиваксери: Ако не сакате вакцина, потпишете дека не сакате ни респиратор“

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот генетичар, д-р Волфрам Хен за „Билд“ изјави дека „на антивиксерите не треба да им се дозволува пристап до респиратори, ако тие сериозно се разболат од коронавирусот“.

Д-р Хен смета дека на антиваксерите треба да им се ускрати можноста за третман на интензивна нега доколку се заразат со корона и дека треба да носат картица на која пишува дека не сакаат да се вакцинираат против ковид.

Генетичарот од Универзитетот во Сар и член на Етичкиот совет на германската федерална влада ги коментираше ставовите на оние кои се против вакцината и не сакаат да се вакцинираат под никакви околности.

– Кој сака да одбие вакцинирање, ве молам, секогаш имајте документ во вашиот џеб на кој пишува: „Не сакам да се вакцинирам! Ако се разболам, ќе го оставам креветот на интензивна нега и респираторот на некој друг“ – посочува тој.

Д-р Хен вели дека брзината со која се разви вакцината не треба да не загрижува.

– Потребни ви беа десет години да добиете 40.000 волонтери порано. Сè се случи овде преку ноќ затоа што луѓето сакаа да бидат дел од создавањето на нова иднина. Ниту еден од производителите на вакцини не заштеди на квалитет. Се разбира, лекарите нема да се откажат од антиваксерите во итни ситуации. Работата е во тоа што луѓето кои се многу критични не кажуваат за што се тие лично и во што го гледаат решението. А ако се свртат против нешто, тогаш навистина треба да размислат за своите последици до крај – заклучи тој.

Слични содржини