Познат составот на Лигата на шампионите за сезоната 2020/21: Четворица дебитанти во елитата

од Vladimir Zorba

Лигата на шампионите, сезоната 2020/21 е комплетирана вечерва.

Последните тројца учесници во групната фаза се дебитантите Митјиланд и Краснодар, како и Салцбург.

Митјиланд ја елиминираше Славија од Прага со победа од 4:1 на домашен терен (0:0 на првиот натпревар), Краснодар беше подобар од ПАОК на реваншот во Солун со ист резултат како дома – 2:1, додека Салцбург го порази на домашен терен Макаби Тел Авив 3:1 (прв натпревар 2:1).

Покрај Митјиланд и Краснодар, во елитата за прв пат ќе играат и Истанбул Башакшехир и Рен.

Ова се учесниците на Лигата на шампионите, распоредени по шешири, во пресрет на утрешната ждрепка, која започнува во 17 часот.

Прв шешир

Реал Мадрид
Ливерпул
Јувентус
Баерн
ПСЖ
Зенит
Порто
Севиља

Втор шешир

Барселона
Атлетико Мадрид
Манчестер Сити
Манчестер Јунајтед
Шахтјор
Борусија Дортмунд
Челси
Ајакс

Трет шешир

Динамо Киев
Салцбург
Лајпциг
Интер
Олимпијакос
Лацио
Краснодар
Аталанта

Четврт шешир

Локомотив Москва
Олимпик Марсеј
Бриж
Митјиланд
Борусија Менхенгладбах
Истанбул Басакшехир
Рен
Ференцварош

Слични содржини