Позната турска актерка конечно се огласи по сомнежите дека исчезнала во земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата турска актерка Џансу Дере конечно се огласи откако многу фанови беа загрижени за неа, бидејќи таа не се огласуваше во јавноста по силниот земјотрес што ја погоди Турција.

Многу луѓе ѝ пишаа на социјалната мрежа Инстаграм и ја молеа да се јави бидејќи мислеле дека загинала или е повредена во земјотресот.

Иако претходно се појави видео на кое се гледа како таа им помага на жртвите, сепак предизвика многу контроверзии бидејќи не можеше со сигурност да се каже дека тоа е актерката.

Загриженоста пораснала, а сега CNN Turk пишува дека Дере ја контактирала познатата турска новинарка Бирсен Алтунташ и дека во разговор со неа открила зошто толку долго не се огласувала во јавноста.

„Не ми беше намера да загрижам никого. Јас не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти“, изјавила Џансу.

Дере е турска актерка која многумина ја паметат по улогите во сериите „Езел“, „Сила“, „Неверство“ и „Сулејман Величествениот“.

Слични содржини