Познатиот детски актер почина во дом за бездомници: Имаше само 27 години

од Radmila Tasevska

Поранешниот холивудски детски актер Остин Мејџорс, најпознат по улогата во серијата „NYPD Blue“, почина на 27-годишна возраст.

Полицијата соопшти дека поранешниот актер починал во дом за бездомници откако најверојатно проголтал поголема количина фентанил, пренесува „ТМЗ“.

Денес треба да биде завршена обдукцијата на неговото тело, а конечните резултати од токсикологијата се очекуваат за неколку месеци.

Тажната вест ја соопшти неговото семејство.

„Остин беше уметничко, брилијантно и љубезно човечко суштество“. Беше многу горд и уживаше во својата актерска кариера. Дипломирал на УСЦ школата за филмска уметност, сакал режија и музичка продукција. Неговата цел во животот беше да ги направи луѓето среќни“, се вели во соопштението.

Освен во улогата во горенаведената серија, тој глумеше и во многу други серии кога беше дете. Неговата последна улога беше во епизодата од серијата „Како ја запознав мајка ти“ во 2009 година.

Слични содржини