Пред почетокот на учебната година, Италија сака да ги вакцинира тинејџерите

од Берта Китинска

Владата на Италија ги повика регионите да дадат приоритет во вакцинација на жителите на возраст од 12 до 18 години, со цел таa возрасна група да се вакцинира пред почетокот на училишната година.

Специјалниот комесар на италијанската влада за „Ковид-19“, Франческо Паоло Фиглиуоло, ги повика регионалните гувернери да дозволат безрезервно тинејџерите да се вакцинираат.

-За да се забрза вакцинацијата кај лица на возраст од 12 до 18 години, треба да им се даде приоритет иако тие не се претходно регистрирани – напиша Фиглиуоло, додавајќи дека новата мерка треба да стапи на сила на 16 август.

Слични содржини