Предлог закон за ратификација на Договор за слободно движење со лични карти во Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.

Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан е склучен во Берлин на 3 ноември 2022 година меѓу шесте земји во регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а е иницијатива на нашата земја од зедничкото ко-претседавање со Бугарија со Берлинскиот процес, со намера да се преслика моделот на билатерални договори за слободно патување со лични карти.

Договорот, според образложеното од предлагачот, има за цел натамошно унапредување на соработката и олеснување на условите за патувањето, вклучително и унапредување на односите помеѓу земјите од Западен Балкан, преку поедноставување на административните постапки во поглед на влез, транзит и краткорочен престој на лицата носители на лични карти, издадени од наведените земји.

Слични содржини