Многу луѓе се загрижени дека поминуваат долго време во директно изложување на сончевите зраци.c600662f087924cb6bd6f019d0d810da

Во последните неколку години гледаме еден процес на детално објаснување на штетата од сончањето на кожата.

Лесно е да им поверуваме на работите кои ги слушаме постојано, особено ако се потврдени од лекарите и секакви други специјалисти.

Факт е дека постојат бројни причини за тоа дека сонцето може да биде многу опасно, но има и неколку моменти, во кои тоа е здраво.

Ги презентираме предностите на сончевите зраци, но нагласуваме дека тие се валидни само ако не претерате.

1. Депресија

Изложеноста на сонце го тера мозокот да произведува серотонин и ендорфин кои го зголемуваат вашето расположение и можат да бидат многу корисни во борбата со депресијата, тагата и чувството на ќорсокак.

2. Несоница

Сончањето успешно се бори со несоницата. Вашиот мозок има внатрешен часовник, кој е така “програмиран” да кога сте на сонце, го зголемува производството на мелатонин – нешто што ги зголемува шансите за подобар и длабок сон во текот на ноќта.

3. Чиста кожа

Иритациите на кожата како акни, црвенило, егземи и микоза може да се излечат со изложување на сонце. На овој начин не само што ќе се исчисти кожата, но и ќе се здобие со неверојатен сјај.

4. Балансирање на хормоните

Сонцето може да помогне за балансирање на производството на хормони. Успешно ги намалува симптомите на ПМС или менопауза. Освен тоа зраците ја стимулираат жлездата, што може да доведе до креативност и подобро расположение.

5. Ги чисти токсините и ја помага циркулацијата

Изложеноста на сонце помага за функционирањето на црниот дроб и помага при излачувањето на токсините од телото. Покрај тоа, го зголемува бројот на белите и црвени крвни клетки и на тој начин ѝ помага на крвта да циркулира поефикасно.

Слични содржини