Прегазена повозрасна скопјанка во Дебар Маало

од Nikola Popovski

Повозрасна скопјанка била удрена од автомобил во Дебар Маало, стои во полицискиот билтен.

На 01.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(50) од Скопје, удрило во пешакот В.М.(80) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини