Прекинат мандатот на Илиевски како в.д. директор на ЈСП, се очекува назначување на нов

од Vladimir Zorba

Директорот на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје (ЈСП), Иван Илиевски нема поднесено оставка, туку му е прекинат мандатот како вршител на должноста директор, дознаваме од наши извори од Град Скопје.

Според инфорамциите, Илиевски ќе биде на должност додека не се назначи нов директор.

На прашањата од „Локално“ упатени до ПР-служба на ЈСП во врска со смената на Илиевски и кој ќе биде негов наследник, не добивме одговор.

За можен негов наследник се шпекулира со името на Дејан Рунтевски, кој е поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Од вработени внатре во претпријатието дознаваме дека новото раководство веќе речиси шест месеци откако е поставено има проблем во органзација на тендери за потребите на ЈСП.

Б.М.

Слични содржини