Прекината забава со музичари во локал во Тетово, приведен сопственикот

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службаници од СВР Тетово синоќа околу 22 часот извршиле контрола во угостителски објект на тетовската улица „Димо Гавроски-Кара“, во сопственост на 32-годишиот тетовец Ф.Р.

Според полицијата, при контролата било констатирано дека во објектот не се постапува според здраствените прописи, односно била организирана веселба со музичари.

Сопственикот на објектот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини