Премиерот Заев: „Југохром“ додека не се стават филтрите нема да функционира (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите пред почетокот на владината седница во Тетово, даде одговор на новинарски прашања поврзани со владините мерки против аерозагадувањето:

„Десет милиони евра најдовме пари. До два милиони евра определуваме во буџетите, директно за еколошки програми. Ги зајакнавме сите програми на екологијата. Парите не одат во споменици, музеи, одат во гасификација. Спомнавме, само 29 милиони за 76-те километри за овој северозападен дел од државата. Да не зборувам за сите филтри, интервенциите во училиштата. Апелираме до граѓаните, барем оние побогатите да ги сменат системите за греење. Никојпат, никој не носел вакви одлуки. „Југохром“ е затворен“, рече премиерот Заев посочувајќи дека Владата презема мерки чија цел е заштита на здравјето на сите граѓани подеднакво.

„Југохром“ додека не се стават филтрите нема да функционира. Сите мерки покажуваат дека сите сме насочени да го решаваме прашањето заедно. Треба централната власт, локалната власт и граѓаните сите заедно да го решаваме. Знам дека граѓаните не очекуваат од утре решение, но сите овие чекори кои ги преземаме се сериозен импакт којшто го даваме во општеството и верувам дека годините кои доаѓаат пред нас ќе бидат успешни во борбата против аерозагадувањето“, рече премиерот Заев.

Слични содржини