(ЖИВО) Пресудите за „Тенк“ и „Поткуп“ го отворија ТВ дуелот Заев-Мицкоски

од Vladimir Zorba

На Македонската телевизија вечерва почна првиот ТВ дуел меѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу првите луѓе од власта и опозицијата по повеќе години, првично се пријавија три телевизии

Во врска со пресудите за него и за Груевски, Заев рече дека богови во постапките се доказите.

„Судиите мора да внимаваат, но разликата денес е голема. Денес има отворена судска постапка и верувам дека Македонија заслужува да добие отворена судска постапка. Богови во постапките се доказите, и од тоа дали ги има или не, нема зависи одлуката. Денес отворено се зборува за се. Не е сјајно и нема кадровски промени се уште и реформите прво треба да ги направиме во својата глава, а и ние политичарите. Постапката и против мене и против Груевски ја следеше целата јавност. Македонското правосудство е на добар пат за да дели правда”, рече Заев.

На ова Мицкоски одговори дека тој и Заев не се во исста ситуација денес.

„Ние сме во нерамноправна ситуација со премиерот, тој е три пати помилуван до сега, првиот пат за Глобал, па за Пуч, па сега за Поткуп. И снимките кои ги вети Заев не беа пуштени во јавноста, а беа ветени. Сега имаме премиер на држава кој ги погодува пресудите и кажува дале ќе биде ослободен или не. Нас ни фали незавинстост на судиите“, му реплицираше Мицкоски на Заев и му порача дека требало да дозволи да биде осуден, за граѓаните да имаат доверба во судството.

Тв дуел

Публикувахте от MИА.mk в Сряда, 23 май 2018 г.

 

Во живо тв дуел

Во живо ТВ дуел со Зоран Заев

Публикувахте от Hristijan Mickoski в Сряда, 23 май 2018 г.

 

 

Слични содржини