Претрес во Куманово, пронајден кокаин, приведен дилер

од Radmila Tasevska

Вчера во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(28) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини