Претседателите на Русија, Иран и Турција усвоија заедничка изјава за Сирија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателите на Русија, Иран и Турција на состанокот во Техеран усвоија заедничка изјава за ситуацијата во Сирија, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Усвоената заедничка изјава ја потврди посветеноста за зајакнување на трилатералната соработка меѓу Русија, Иран и Турција во интерес на постигнување одржлива нормализација на ситуацијата во Сириската Арапска Република“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Претседателите Путин, Ердоган и Раиси ги критикуваа сите еднострани незаконски санкции против Сирија и детално разговараа за ситуацијата во Идлиб со договорот за продолжување на напорите насочени кон нормализирање на ситуацијата во тој дел на Сирија.

Слични содржини