Претседателот на Мексико ја повтори понудата за пружање азил на Педро Кастиљо

од Stefanija Kuzmanovska

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска ја повтори понудата за пружање азил на соборениот претседател на Перу, Педро Кастиљо и неговото семејство.

Лопез Обрадор истакна дека обработката на барањата за азил е во тек и дека вратата е отворена за претседателот на Перу и неговото семејство.

Мексиканскиот претседател претходно изјави дека го смета Кастиљо, кој беше соборен од функцијата и уапсен по обидот незаконски да го распушти Конгресот, за вистински претседател на Перу, објави „Ројтерс“.

Слични содржини