Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, повикан да даде изјава во полициска станица

од Nikola Popovski

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски вчера бил повикан да даде изјава во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ. Тасевски ја потврдил информацијата и најавил дека деталите во јавност ќе ги соопшти денес на прес-конференција. Синдикатот на контролорите на летање неколку пати досега обвини дека во Агенцијата се вработуваат несоодветни кадри.

Претходно, раководители на инженерски сектори поднесоа оставки на функциите. Извршниот директор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди тогаш изјави дека нема политички влијанија, а дека кандидатите се примени по истата процедура како и на претходните огласи.

Синдикатот најави штрајк поради нови сомнителни огласи за вработување, кои се спротивни на она што било договорено во октомври, пред првата најава за блокирање на работата на контроланалетање. Сепак се дојде до решение и контролорите не штрајкуваа за време на новогодишните празници.

МНАВ ги смета за тенденциозни и без основа негодувањата на инженерите и инструкторите од компанијата откако вчера еден од тројцата директори на македонска навигација, Љубе Стаменковски и раководителите на одделот за информатички и надзорни технологии, на одделот за надзорни системи, на одделот за навигациски системи, на електро-енергетски системи и на одделението за воздухопловна техника Охрид, поднесоа оставки од раководните функции, незадоволни од изборот на кадри кои се вработени во секторот за техника.

„Согласно законот за работни односи и условите предвидени во систематизацијата се објавува оглас за инженери и техничари. Имено во систематизацијата на МНАВ за студент-инженер (приправник) пишува дека има диплома од електротехнички науки, 2 години работно искуство, лекарско уверение класа 4, познавање на англиски јазик (нивото на знаење не е наведено, што значи од А1-Б2). Интервју се спроведува доколку има двајца или повеќе кандидати кои ги исполнуваат условите за едно работно место. Во нашиот случај со инженери и техничари, имавме само по еден кандидат за сите 7 работни места. Важно е да се нагласи дека со договор овие услови се имплементирани во МНАВ пред 4 години, и за истото немаше негодување, стои во реакцијата на МНАВ.

Оттаму додаваат дека примените кандидати – двајца инженери и 1 техничар понатака ќе бидат на „он џоб“ тренинг за АТСЕП согласно програмата за обука која ќе трае една година.

Слични содржини