Претседателството на БиХ: Додик гласаше против сите точки на дневниот ред

од Nikola Popovski

Седницата на Претседателството на Босна и Херцеговина, одржана денес брзо заврши, бидејќи српскиот член, Милорад Додик гласаше против сите точки.

Членот на претседателството на БиХ на Српскиот народ, Милорад Додик, во средата рече дека претседателот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ ја манипулира јавноста во врска со назначувањето странски судија во Уставниот суд на Босна и Херцеговина и побара негова оставка.

Подоцна, бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, рече дека немало манипулација и дека сите тројца членови на државното претседателство биле истовремено информирани за назначувањето странски судија.

Додик на прес-конференција во Сараево по седницата на Претседателството на Босна и Херцеговина рече дека Комшиќ „ги прекршил одредбите на Уставот на Босна и Херцеговина“.

Слични содржини