При претрес на дом пронајдена и одземена дрога

од Radmila Tasevska

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска во 06:30 часот го лишиле од слобода Ф.Ј.(30) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, како што соопштуваат од МВР, во с.Волково, скопско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Лицето бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини