Принцот Филип префрлен во друга болница, има инфекција

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот принц Филип, 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета, е префрлен во друга болница во центарот на Лондон за да му бидат направени тестови за претходни проблеми со срцето и да продолжи со лекување на инфекцијата.

Филип, војводата од Единбург, беше примен во приватната лондонска болница „Кралот Едвард VII“ пред две недели поради неодредена инфекција која не е поврзана со ковид 19.

Денес, Бакингемската палата објави дека тој е пренесен на понатамошно лекување и набљудување во болницата „Свети Бартоломеј“, која е центар на извонредност во областа на кардиологијата.

„Војводата реагира на лекувањето, но се очекува да остане во болница барем до крајот на неделава“, се вели во соопштението на палатата.

Слични содржини