Припадници на специјалната единица РОСУ пукале кон српско возило, тешко рането едно лице

од Stefanija Kuzmanovska

Припадниците на специјалната полициска единица на Косово, РОСУ, денеска околу 11 часот и 30 минути пукаше на илегален пункт на мостот Бистрица на главниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ во возило во кое имало двајца Срби, соопшти Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за КиМ, пренесе „Нова.рс“.

Во таа прилика бил ранет Миљан Д., додека неговиот совозач Душан С. за среќа се поминал неповреден, додека целиот автомобил бил изрешетан.

Во пределот на градниот кош е застрелан Миљан Д., кој има прострелна рана со која итно е пренесен во болницата во Краљево.

„Припадниците на специјалците РОСУ на Курти пукаа со рафал кон српското возило и Србите во него само затоа што не сакале да дозволат РОСУ да ги малтретира без никаква основа и причина. Специјалците на Курти немаат што да бараат на северот на Косово, како и на овој контролен пункт, кој е безправно и незаконски поставен и од кој го малтретираат српскиот народ кој секојдневно поминува“, истакна Петковиќ, пишува „Новости“.

Тој потсетува дека „Белград уште од почетокот на присуството на специјалните сили РОСУ на северот предупредува дека единствена цел им е да предизвикуваат инциденти и малтретирање на нашиот народ во покраината, што беше демонстрирано денеска“.

„Очигледно е дека Курти не се двоуми да дозволи да тече српска крв и тоа е единствената цел на неговите сили на северот на Косово“, заклучи Петковиќ.

Слични содржини