Природни лекови кои можат да помогнат при главоболки и затнат нос

од Vladimir Zorba

Поради одредени алергии, настинки или бактериски и вирусни инфекции, синусите може да се затнат со густ секрет, а овој проблем може да доведе до хронично нарушување кое ќе ве прогонува цел живот.

Поради затнати синуси ретко ќе мора да одите на лекар, постојат едноставни и ефективни природни лекови кои ќе ви помогнат да се ослободите од непријатното чувство.

Бел слез

Со своите антибактериски и антисептички својства, успешно го раствора слузот и помага во неговото исфрлање. Ги смирува болките во грлото и помага во лекувањето на астмата.

Сварете 2 g корен од бел слез во 100 ml зовриена вода. Процедете го сварениот чај и додадете борна киселина. Исплакнете го носот.

Ѓумбир

Ѓумбирот е пожелен во лекувањето на кашлица и настинка. Активната состојка гинџерол ќе го стимулира разредувањето и излачувањето на секретите. Покрај тоа, ги намалува главоболките поврзани со воспаление.

Во 2 dl вода додадете неколку парчиња ѓумбир и оставете да зоврие. Во исцедениот чај додадете половина лажичка куркума во прав, а по желба можете да додадете и мед. Пијте два пати на ден.

Домати

Поради својот состав, доматот го подига имунитетот, го ублажува воспалението и ги чисти синусите од густиот секрет.

Сокот од домати многу брзо помага при болки во грлото.

Во чаша сок од домати додадете една лажичка сечкан лук, една лажица сок од лимон и малку целер. Пијте го топло два пати на ден.

Водена пареа

Помага при акутни или хронични форми на синузитис, настинки или бронхитис. Без разлика дали користите обична вода или вода со додавање на есенцијални масла и билки, вдишувањето на пареа е ефикасно за затнати синуси. Пареата на сосема природен начин го отстранува затнувањето и ја враќа природната влажност на синусите. Сепак, не се препорачува за мали деца, трудници и лица со висок крвен притисок или срцеви заболувања.

Оставете ја водата да зоврие, можете да додадете неколку капки есенцијално масло. Потоа ставете го лицето над садот и покријте ја главата со крпа. Бидете внимателни и претпазливи, водената пареа може да веизгори. Вдишувајте два до четири пати на ден неколку минути.

Топли облоги

Затоплувањето на синусите е добар начин за дишење и ублажување на болката.

Натопете чиста памучна крпа во сад со топла вода. Свиткајте ја и ставете ја на челото, веднаш над носот. Држете три до пет минути и повторете неколку пати.

Масло од еукалиптус

Неговиот лут мирис ќе помогне да се ублажат симптомите на настинка, течење на носот и затнат нос. Кога се вдишува, се разредува со вода и никогаш не го употребувајте орално.

Разредете неколку капки масло со вода и намачкајте марамче. Вдишувајте неколку пати на ден додека не исфрлите слуз.

Јаболков оцет

Ако сте настинати, тоа ќе ви помогне при затнат нос. Големото количество на калиум што го содржи помага во намалување на лачењето на секрет, го спречува растот на бактериите и го забрзува процесот на заздравување. Ќе помогне и во ублажување на болките во грлото.

Измешајте две лажици чист, нефилтриран јаболков оцет со една лажица мед и една чаша топла вода. Пијте два пати на ден.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да ублажи многу симптоми на настинка и затнати синуси, како што се главоболки и проблеми со видот. Масажата со маслиново масло ја олеснува циркулацијата и го нормализира метаболизмот.

Загрејте малку квалитетно девствено маслиново масло и нанесете го на носот. Масирајте ги двете страни на носот со палецот и показалецот околу една минута. Дишете во устата цело време. Постапката повторете ја 4-5 пати по ред.

Слични содржини