Приштина да ги укине таксите што е можно поскоро и да продолжиме со дијалогот, побара Дачиќ

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по средбата со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Шпанија Хуан Гонзалес Барба Перо рече дека желбата е безусловно да се укинат таксите и да се продолжи дијалогот со Приштина, но дека во самото Косово има различни пристапи.

„Ние сакаме таксите да бидат укинати што е можно поскоро и да се продолжи дијалогот. Во интерес е не само на Белград, туку и на Приштина“, рече Дачиќ.

Тој се заблагодари на Шпанија за поддршката на Србија за Косово и истакна дека доколку каталонските власти стапат во контакт со Србија, веднаш ќе ја известат шпанската амбасада.

Тој оцени дека односите меѓу двете земји се од стратешки карактер и дека е убеден дека поддршката на Шпанија за европската интеграција на Србија ќе продолжи.

Слични содржини