Пристигна првата реакција на Британија на веста дека заробен Британец почина во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Британската влада соопшти дека „итно бара разјаснување“ откако беше објавено дека Пол Уреј, британски хуманитарен работник заробен од проруските сепаратисти во Украина, починал во притвор.

Британскиот Форин Офис реагираше на соопштението на локален функционер на самопрогласената проруска Народна Република Доњецк, кој напиша дека Уреј починал на 10 јули како последица на „болест и стрес“.

„Итно бараме разјаснување од руската влада за медиумските извештаи дека британски хуманитарец починал во Украина“, изјави портпаролот на британското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини