Пристигна резултатот од тестот за корона на Џеј

од Stefanija Kuzmanovska

Џеј Рамадановски, кој почина пред два дена на 56-годишна возраст во неговиот стан, не починал од коронавирус.

Како што дознава Нова.рс, пред да биде извршена обдукција на легендарниот фолкер, тој бил тестиран на Ковид 19. На семејството на Џеј утрово му биле испратени резултатите, кои, според сознание на порталот, се негативни.

Оваа информација за Нова.рс ја потврди блиската пријателка на пејачот и портпаролка Андријана.

„Стигна резултатот. Џеј беше негативен, така што не почина од корона. Ги чекаме резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови денес или утре. Иако почина во сон од срцев удар, неопходна е обдукција на барање на судскиот вештак“, изјавила таа за Нова.рс.

Џеј Ранадановски ќе биде погребан во петок во 14.30 часот во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Слични содржини