Приведен крадец во Куманово

од Берта Китинска

Полициски службеници од СВР Куманово денеска околу 10.45 часот, го лишиле од слобода Д.З.(29) од Куманово.

Како што информираа од МВР, околу 10.15 часот тој одзел предмети од патничко моторно возило во близина на автобуската станица во Куманово, а потоа бил фатен од полициски службеници при обид да одземе предмети од друго патничко моторно возило на улица „Доне Божинов“ во Куманово.

Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини