Приведен разбојник во Струмица

од Radmila Tasevska

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица денеска во 04:40 часот во Струмица, го лишиле од слобода В.Г.(40) од Струмица.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето се сомничи дека околу 03:20 часот на ул. „Мајка Тереза“ во Струмица физички го нападнал Т.Т.(66) од Струмица и му одзел пари.

Од МВР посочуваат дека лицето е задржано во Полициската станица Струмица. Потенцираат дека за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против В.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини