Приведени разбојници кои со пиштол ограбувале жени во Карпош

од Берта Китинска

При претрес од страна на полицијата во дом на ул.„Никола Русински“, биле пронајдени С.Ј.(40) и Т.П.(41), како и еден пиштол, мобилни телефони, ранци, обувки и повеќе други предмети кои разбојниците ги украле.

На 12 мај на ул.„Радика“ осомничените со закана со пиштол ѝ украле ранец со предмети на Н.К., а на 15 мај во 11.45 часот било пријавено дека на ул.„Варшавска“ во влез од зграда, две непознати лица со закана со пиштол ѝ го одзеле мобилниот телефон на И.Л.Б.(30) од Скопје и физички ја нападнале.

СВР Скопје работи на целосно документирање на случајот по што до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини