Продажбата на Левандовски не го менува ставот на Баерн за Роналдо

од Vladimir Zorba

Баерн (Минхен) уште еднаш категорично се огради од информациите кои ги поврзуваат со трансферот на Кристијано Роналдо. Откако пред часови „црвените“ ја прифатија понудата на Барселона за Роберт Левандовски, гласините за можно доаѓање на Португалецот на „Алијанц Арена“ повторно станаа актуелни.

„Имам голема почит кон Кристијано поради неговите успеси и неговата кариера воопшто, но повторно ве уверувам дека тој никогаш не бил и не е моментално опција за нас“, изјави денеска за „Спорт 1“ спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Роналдо одби да почне да тренира со Манчестер Јунајтед и моментално тренира самостојно во Португалија, со надеж дека ќе потпише за клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите.

Слични содржини