Продолжува изборната кампања со митинзи во Кочани, Центар, Кисела Вода

од desk4

Кандидатите за претседател на државата денеска ја продолжуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи на кои ќе ги претстават своите концепти за работа.

Стево Пендаровски, кој е кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата, денеска во Кочани ќе присуствува на настан со млади, а попладне ќе се сретне со граѓани на Македонска Каменица, Зрновци  и Виница. Централниот митинг на кој ќе се обрати Пендаровски ќе се одржи во Кочани. 
Неговата противкандатка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова попладне ќе ја претстави својата програма пред граѓаните на скопските општини Центар и Кисела Вода.

Слични содржини