Проф.Талески: Со блок тарифите најголем дел од домаќинствата ќе плаќаат исти или помали сметки

од Vladimir Zorba

Наскоро граѓаните ќе плаќаат сметки за електрична енергија по нов тарифник. Повисоки сметки за струја ќе плаќаат оние кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија во висока тарифа. Но, колку плус ќе се плаќа засега се уште не се знае.

-Со блок тарифите најголем дел од домаќинствата ќе плаќаат исти или помали сметки, вели во разговор за „Локално“, професорот Рубин Талески од ФЕИТ.

Тој појаснува дека во иднина кога ќе се зголеми цената на електричната енергија, “ овие потрошувачи нема да ја почувствуваат промената“.

– Покрај тоа, во иднина кога ќе се зголеми цената на електричната енергија, овие потрошувачи нема да ја почувствуваат промената во ист степен.Се разбира, ако профилот на еден потрошувач се разликува од просекот (51%:49% НТ:ВТ) промените на цените ќе се разликуваат од тие прикажани во презентацијата. Најверојатно, во понеделник на веб страницата на РКЕ ќе биде објавен калкулатор преку кој граѓаните ќе можат да ги проверат своите сметки, подвелкува Талевски кој појаснува дека податоците кои се изнесени се базираат на предлогот од 6. јуни 2022 година.

Професорот појаснува дека секоја заштеда во потрошувачката ќе резултира со пониска цена за потрошувачите, додавајќи дека „ако е можно да ја префрлите потрошувачката во ноќните часови ќе обезбедите поголема заштеда“.

Проф. Рубин Талевски

Проф. Рубин Талевски

-Бидејќи цените во четирите блока во ВТ ќе се зголемуваат скалесто, а и цената во НТ ќе биде пониска од цената во првиот блок, секоја заштеда во потрошувачката ќе резултира со пониска (просечна) цена за потрошувачите.Дополнително, ако е можно да ја префрлите потрошувачката во ноќните часови ќе обезбедите поголема заштеда, подвелува тој.

Професорот децидно вели дека секое зголемувње на цените вклучувајќи ја и електричната енергија негативното влијае врз економската состојба на сите, додавајќи дека „за жал никој не може да каже кога оваа криза ќе заврши“.

-За жал, цените на електричната енергија на берзите во последниве 12 месеци се зголемени за повеќе од 5 пати, така што е неминовно и цените за домаќинствата да претрпат измена.Блок тарифите (како преодно/привремено решение) ќе помогнат овие влошувања на економската состојба да се пребродат полесно, вели Талески додавајќи.

Големите потрошувачи, според универзитетскиот професор нема да бидат засегнати од измените на ТС за УС бдејќи, како што вели тој, најголем дел од нив имаат законска обврска да одберат друг снабдувач.

-Со тоа тие се најизложени на турбуленциите на цените на берзите на електрична енергија. Само за потсетување, до пред 12 месеци цената на електричната енергија (на „слободниот“ пазар со вклучена тарифа за пренос и дистрибуција) беше пониска отколку цената за правните лица што се снабдуваа преку УС и поради тоа, а особено од 2019 година, голем дел и од малите потрошувачи (помалку од 50 вработени и приход помал од 2 милиони евра) се откажаа да бидат снабдувани од УС.Но, поради значителното зголемување на цените на берзите, овие мали потрошувачи се враќаат кај УС, вели Тлаески кој додва дека наведените податоците се однесуваат на периодот јануари ‒ јуни 2022 година кога во овој период се применувал тарифниот систем за УС наместо постојниот.

Б.М.

Слични содржини