Проф. Трајковски: Од коронавирус е изгубено население кое одговара на град со големина помеѓу Ресен и Виница

од Nikola Popovski

Штотуку излезе најновиот месечен билтен на Државниот завод за статистика, според кој од 01.04.2020 до 31.05.2021 одвишната смртност во однос на сезонски прилагодениот очекуван број на починати изнесува 9.164 лица (со 95% интервал на доверба од 8.138 до 10.189). Произлегува дека поради епидемијата на ковид-19 смртноста била зголемена просечно за 39,3% во однос на периодот пред епидемијата, пишува во својата анализа, професорот Дејан Трајковски.

Според него, во периодот од 01.04.2020 до 31.05.2021 од ковид-19 официјално умреле 5.412 лица, односно необјаснетата одвишна смртност изнесува просечно 69,3% (со 95% интервал на доверба помеѓу 50,4% и 88,3%).

-Имено, за толку проценти вистинскиот број на починати од ковид-19 е поголем во однос на официјалниот број на починати. Ќе извршиме проширување на предвидувањето (екстраполација) заклучно со 29.07.2021. До овој датум официјално починале 5.493 лица), од каде произлегува дека фактичкиот број на починати од ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 9.301 (со 95% интервал на доверба помеѓу 8.260 и 10.342). Со други зборови, од ковид-19 е изгубено население кое одговара на град со големина помеѓу Ресен и Виница, информира Трајковски.

Слични содржини