Проја со сирење

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

12 лажици пченкарно брашно
4 лажици бело брашно
3 јајца
1 чаша (2дл) јогурт
1 чаша (2дл) кисела вода
250 грама сирење
1 дл масло
1 кесичка прашок за пециво

Подготовка:

Сите состојки напишани погоре измешајте ги во поголем сад, но не го сечкајте премногу сирењето – подобро е кога има поголеми парчиња.

Намачкајте плех (или калапи за мафини) со растопен маргарин и истурете го тестото.

Печете 30 минути во загреана рерна, прво 10 минути на 200 степени, а потоа уште 20 минути на 180 степени.

Слични содржини