Пронајдена неексплодирана тромблонска мина во атарот на тетовско Долно Седларце

од Aleksandar Petrovski

Во СВР Тетово, вчера Х.И.(42) пријавил дека во атарот на тетовско Долно Седларце, во месноста „Стевчево“, додека бил на лов, во нива забележал неексплодирана тромблонска мина, која била кородирана.

Од МВР денеска соопштија дека бил извршен увид, а мината била подигната и транспортирана од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Слични содржини