Пронајдени 52 мигранти во Липково, четворица носеле ладно оружје

од Nikola Popovski

Во атарот на селото Лојане, општина Липково, поточно кај место викано „Шорта“, полицијата открила 52 лица илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји.

Тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце.

Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата.

Тие се предадени во СВР Куманово. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини