Протест поради тајната инаугурација на Лукашенко, има повредени (фото+видео)

од Nikola Popovski

Илјадници граѓани се собрале вечерва во Минск да протестираат против тајната инаугурација на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, што се одржа денес во Минск.

Полициски и безбедносни службеници биле распоредени на улиците, обидувајќи се да го разбијат протестот. По повеќенеделните протести за спорните избори во август, се случи инаугурацијата.

На снимките јасно се гледа како припадници на полицијата брутално тепаат и апсат граѓани, а има и повредени. На Твитер профилот на Хана Лиубакова може да се види дека полицијата удрила една постара жена, која е сериозно повредена.

Безбедносните сили употребиле и водени топови за да ги растераат демонстрантите. Во еден момент демонстрантите го блокирале патот и не дозволиле да се приближи полициски автомобил.

Протестите започнаа вечерва откако белоруските медиуми напишаа дека претседателот Лукашенко тајно ја положил заклетвата за својот седми мандат.

Сепак, неколку стотици гости биле поканети на церемонијата, пренесува Спутник. Меѓу нив биле високи функционери, заменици на Претставничкиот дом и членови на Советот на Република, раководители на државни тела и организации, локални извршни и административни тела, републички медиуми, научници, културни и спортски личности.

Слични содржини