Протестите во САД се надвор од контрола: Полицијата во Бруклин почнала да ги гази демонстрантите (видео)

од Nikola Popovski

Тотален хаос во САД. Националната гарда е на улиците, но протестите се целосно надвор од контрола.

Во Бруклин, двајца полицајци со автомобили започнале да ги газат демонстрантите.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио изјавил дека е многу вознемирен од инцидентот и дека му е жал што полицијата го сторила тоа.

„Следам протести со години, но тие овде ѝ се закануваат на полицијата и сакаат да ги повредат. Тоа не се случило во историјата на овој град. Полицијата беше во таква ситуација што беа нападнати и мораа да побегнат. Јас ги разбирам, тие се најдоа во невозможна ситуација “, изјавил Бил де Бласио, додавајќи дека тој нема да воведе полициски час.

 

Слични содржини