Прв биланс на ЖРТВИ НА ХАИТИ: Најмалку 29 загинати во разорниот земјотрес

од Stefanija Kuzmanovska

Разорниот земјотрес што го погоди Хаити, островска држава, пред неколку часа, остави големи последици. Се стравува дека жртвите не се пронајдени во целост, и дека има многу загинати.

Според првите информации, има најмалку 29 загинати во разорниот земјотрес на Хаити – објавија локалните власти.

По земјотресот со јачина од 7,6 степени, беше издадено предупредување за цунами, што на некои места предизвика паника, што беше забележано и на снимките.

Американскиот геолошки завод издаде предупредување на Твитер: Постојат информации дека морето се повлекува, на некои места морската вода навлезе низ улиците. Важно е да не се оди на плажи ако морето се поместило, бидејќи ќе се врати! Одете што е можно подалеку од плажата“, стои во објавата на Твитер.

Обемот на штетата засега не е познат, а информациите за жртвите се сосема различни и невозможно е да се проверат бидејќи нема официјални информации, а се шпекулира дека наводно 200 луѓе починале откако се кренала паника. Сепак, невозможно е да се провери или потврди оваа вест, па затоа треба да се земе со голема резерва.

Бројот на загинати најверојатно ќе расте бидејќи продолжуваат напорите за потрага и спасување. Геолошкиот завод на Соединетите држави (УСГС) објави црвено предупредување за проценките на жртви, во кое се наведува дека „најверојатно има големи жртви и катастрофата најверојатно е широко распространета“.

Слични содржини