Прва жена директор на тајната служба во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Британската влада денеска ја назначи Ен Кист-Батлер за прва жена директор на разузнавањето во штабот за комуникации на Владата GCHQ.

„Ен Кист-Батлер има импресивно досие во срцето на националната безбедносна мрежа на Велика Британија, помагајќи да се спротивстави на заканите од терористите, сајбер-криминалците и злонамерните странски сили“, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, кој ја назначи Батлер, пренесе „Ројтерс“.

Клеверли рече дека таа е идеалниот кандидат за раководител на GCHQ и дека „Ен ќе го искористи своето огромно искуство за да помогне британската јавност да биде безбедна“.

Слични содржини