Првпат во државава извршена операција на тотална транспозиција на главни крвни садови кај бебе

од Vladimir Zorba

Операција на тотална транспозиција на главни крвни садови кај новороденче со тежина од 2,9 килограми првпат во државава е извршена вчера во Клиничката болница „Жан Митрев“. Станува збор за една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца, соопштија од Клиничката болница.

Новороденчето било дијагностицирано на Клиниката за педијатрија и веднаш било упатено во Клиничка болница како итен случај. Во овој комплексен исклучително тежок оперативен зафат учествувал тим од Клиничката болница, вклучувајќи ги и докторите од државната клиника, кои, како што се наведува, покажале голема зрелост за вакви подвизи во медицината.

Тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуваат обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и заради недостаток од кислород умираат набрзо после породувањето, стои во соопштението.

Слични содржини