ПСЖ ќе треба да плати казна од 15 милиони евра доколку реши да го отпушти Почетино

од Vladimir Zorba

Пари Сен Жермен ќе мора да му плати на тренерот Маурисио Почетино 15 милиони евра отштета доколку сака да го раскине договорот на крајот на оваа сезона, објави „Екип“.

Според изворот, аргентинскиот стручњак нема да поднесе оставка. Неговиот договор со тимот, потпишан во јануари 2021 година, истекува на крајот на следната сезона.

Под водство на Почетино, ПСЖ ја освои Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, но беше елиминиран рано во Лигата на шампионите.

На 82 натпревари по негово водство, ПСЖ победи на 54, на 13 ремизираше и 15 загуби.

Тој беше кандидат за тренерското место во Манчестер Јунајтед, но тимот се одлучи за кандидатурата на Ерик тен Хаг.

Слични содржини