ПСЖ постави луда цена на Нејмар

од Vladimir Zorba

Евентуалното враќање во Нејмар во Шпанија ќе значи дека Бразилецот ќе го скрши сопствениот рекорд за најскап трансфер во историјата на фудбалот. Шефовите на ПСЖ имаат тенденција да се разделат со напаѓачот, но за не помалку од 300 милиони евра, информира „Le Parisien“.

Сама по себе цената е невозможна и за Барселона, и за Реал Мадрид, бидејќи двата клуба веќе инвестираа сериозни суми во привлекувањето на нови засилувања и не можат да си дозволат да го нарушат финансискиот ферплеј.

Секако, можно е да дојде и до компримисно решение, при што од ПСЖ да се согласат да добијат помалку пари, но во замена да земат посакувани од нив играчи. Од Реал Мадрид, тоа би можел да биде Каземиро, а во случај на договор со Барселона, од Париз се заинтересирани за услугите на Иван Ракитиќ, Семјуел Умтити и Усман Дембеле.

Едно е сигурно – самиот Нејмар преферира да го облече повторно дресот на Барселона. „Sport“ напиша дека соблекувалната на каталонскиот гигант е „за“ враќање на Бразилецот. Уште повеќе, Лионел Меси е меѓу играчите кои најмногу ги повикува шефовите на клубот да ја завршат работата за да го добијат 27-годишниот напаѓач. Други играчи, исто така, му се јавиле на Нејмар за да го убедат дека е добредојден на „Камп Ноу“.

„Сите грешиме. Нејмар знае дека не беше во ред кога заминал. Тој беше среќен тука и сега сака да си ја врати среќата“, изјави извор близок до клубот.

Сосема поинакво е расположението кон Антоан Грисман. Јавна тајна е дека фудбалерите на Барса се против доаѓањето во тимот на Французинот, кој уште пред неколку недели објави дека си заминува од Атлетико Мадрид. Тоа пак го навредило Гризман и не е исклучено тој да се најде во ПСЖ, како заменик на Нејмар.

Во поддршка на тврдењата дека Неј е блиску до враќање во Барселона дојде и веста дека тој прави обид да си ја купи назад куќата во која живееше при првиот престој во клубот.

Слични содржини