Пукање во ноќен клуб во Мајами Бич, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а две се повредени во пукање во ноќен клуб во Мајами Бич.

Како што јави Си-Би-Ес, убиениот прво бил пренесен на интензивна нега во болницата „Џексон Меморијал“, каде подоцна им подлегнал на повредите, се наведува во полициското соопштение.

Во болница се пренесени и две повредени девојки. Полицијата не го соопшти идентитетот на жртвите.

Истрагата е во тек.

Слични содржини