Путин: Кризата во Украина е предизвикана од желбата на западни земји да ја зачуваат хегемонијата во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска во видео обраќање на самитот на БРИКС рече дека организацијата се залага за мултиполарен светски поредок заснован на меѓународното право и принципите на Обединетите нации.

Путин истакна дека петорката која го сочинува БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – со право се етаблираа на глобалната арена како авторитетна структура. Позицијата на организацијата постојано се зајакнува, а нејзиниот тек одговара на аспирациите на голем дел од меѓународната заедница, наведе тој.

Зборувајќи за конфликтот во Украина, Путин посочи дека тешката криза во Украина е предизвикана од желбата на голем број западни земји да ја зачуваат својата хегемонија во светот.

Слични содржини