Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија има постигнато значаен успех во модернизацијата и развојот на ударните нуклеарни оружја и во развојот на системи за надминување на заканите, пренесе БТА, цитирајќи ТАСС. Според Путин само на тој начин ќе може да се задржи стратешкиот баланс во светот. “Предупредувавме дека ќе го направиме тоа, што ќе го развиваме оружјето и тоа го правиме и ве уверувам дека денес Русија постигнала значителни успеси во оваа област”, изјави Путин на средба со шефовите на светските новински агенции на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург .

20151229.hsihvwfydw

Според него руските ударни нуклеарни комплекси беа надградени и Русија успешно развива нови. “Ние се избавени од големи војни и конфликти во последните 70 години благодарение на т.н. стратешки баланс, кој беше постигнат откако две нуклеарни супердржави се договорија фактички на ограничување како на растот на неконвенционалните вооружувања, така и на ограничување на системите за противракетна одбрана . Затоа за сите е јасно дека ако едната страна развива противракетната одбрана успешно во споредба со втората, таа стекнува предност и пред неа се појавува искушението да го користи ова оружје прва “, рече Путин.

Тој вели дека кога “американските партнери еднострано излегле од договорот, тие нанесоа огромен удар и тоа беше првиот удар на меѓународната стабилност од гледна точка на можноста за нарушување на балансот на стратешките сили”.

“Тогаш реков дека ние сега не можеме да ги развиваме овие технологии, бидејќи тоа е скапо. Реков дека ќе одиме по друг пат дека ќе ги усовршиме ударните системи, за да се зачува рамнотежата на моќта во светот, само за тоа”, додаде Путин.

Претседателот изрази мислење дека системот за противракетна одбрана на САД, која се наоѓа во Европа, има потенцијал да стане напаѓачки систем и може да се користи против Русија, пренесе ТАСС.

“Нуклеарна закана од Иран нема, а системот за противракетна одбрана во Европа продолжува да се гради. Значи ние сме биле прави кога велевме дека не лажат”, изјави Путин.

Зборувајќи за распоредување на елементи од противракетниот штит на НАТО во Романија и за истакнување аргументи за заштита од иранската нуклеарна закана, Путин потсети дека оваа закана не постои заради договорот за иранската нуклеарна програма, за кој САД биле иницијатори и кој е безусловно заслуга на американскиот претседател Барак Обама.

Слични содржини