Путин се кандидира за нов мандат?

од Vladimir Zorba

Денес рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучи можноста тој да се кандидира за уште еден претседателски мандат, доколку се усвојат измени во Уставот што ќе му овозможат да го стори тоа.

„Сè уште не сум донел одлука. Не ја исклучувам можноста да се кандидирам на избори, ако тоа го дозволи Уставот. Ќе видиме“, рече Путин во интервјуто за филмот „Русија. Кремљ. Путин“ на телевизија Русија-1.

Тој ги предупреди службениците да не го бараат неговиот наследник во моментов, туку да се фокусираат на сопствената работа.

„Тие треба да работат, а не да бараат наследници“, истакна Путин, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател оцени дека, доколку не се усвојат уставните измени, за околу две години, наместо да имаат нормален ритам за работа на многу нивоа на власт, „тие ќе започнат да бараат можен наследник“.

Слични содржини