Путин се обрати до нацијата: „Цел април ќе биде неработен, работните места и приходите на граѓаните ќе бидат зачувани“ (видео)

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до нацијата го прогласи целиот месец април за нареботен поради ситуацијата со коронавирусот.

„Донесов одлука да ја продолжам мерката на неработни денови до крајот на месецот, до 30-ти април. Истакнувам: со редовни плати на работниците “, рече Путин во говорот пред нацијата.

Властите, болниците, аптеките и продавниците ќе продолжат да работат, како и претходно.

Рускиот претседател рече дека лекарите држат одбрана од офанзивниот напад на вирусот.

„Нашата земја е голема и има различна густина на населението. Постојат субјекти во Федерацијата каде што коронавирусот веќе создаде сериозна закана кон луѓето, како што е во Москва, каде што сè уште не сме успеале да ја смениме ситуацијата, без оглед на постапките преземени од федералните и градските власти “, рече Путин.

Пикот на епидемијата во Русија и во светот сè уште не помина. Затоа, рускиот лидер потенцира дека ригорозните мерки во регионите ќе зависат од епидемиолошката состојба.

Обраћање председника Русије Владимира Путина

Обраћање председника Русије Владимира Путина

Публикувахте от Sputnik Србијa в Четвъртък, 2 април 2020 г.

Претседателот истакна дека неработната недела покажала дека разбирањето на тежината на ситуацијата помогнало во намалување на ризиците. Тој ги повика граѓаните внимателно да ги следат барањата на владата и препораките на лекарите.

Според Путин, работните места и приходите на граѓаните треба да бидат зачувани во наредниот период.

„При спроведување на мерките за борба против епидемијата, не смееме да заборавиме дека е подеднакво важно да се зачуваат работните места и приходите на граѓаните. Ова е заеднички приоритет на Владата, регионот и бизнисот “, заврши Претседателот.

Слични содржини