Quo vadis Balkan: Се влошува политичката клима во регионот

од Vladimir Zorba

Политичката клима во регионот се влошува, политичкото помирување не е ни започнато, а довербата е на многу ниско ниво, беше оценето денеска на пленумот „Quo vadis Balkan?“.

Пленумот втор ден се одржува во Загреб, во организација на два центри од Хрватска и Црна Гора, како и Регионалната академија за развој на демократијата (АДД) во Нови Сад, со поддршка на Европскиот фонд за Балканот (EFB).

Загрепскиот пленум, како што се наведува во соопштението, има за цел да ги зајакне прогресивните сили во регионот, преку разговори за модалитетите на одговор на растечкиот десничарски екстремизам, кризата на демократијата и пречките за демократизација на земјите од регионот.

Слични содржини