Раководител на смена на Блаце фатен како зема поткуп од 120 евра, МВР работи на расчистување на случајот

од Берта Китинска

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека по расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста.

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

Слични содржини